ЗАЕВ СЕ ПОФАЛИ: Просечната плата постојано расте!
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2020
Претседателот на СДСМ и екс премиер, Зоран Заев се пофали дека со нив платите во Македонија растат.
„Просечната плата постојано расте! Во ноември 2019 година, таа изнесува 25.787 денари, што е за 5,1% повеќе во споредба со истиот месец претходната година. Платите растат во сите сектори, тоа е доказ дека сме на прав пат“, напиша тој.
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2019 година, изнесува 38 319 денари. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2019 година изнесуваше 38 227 денари. Министерството за труд и социјална политика, како и Министерството за финансии претходно објавија дека за ноември 8.200 компании ги зголемија своите плати на 47.200 вработени, користејќи ги субвенциите на придонесите.