24 Април, 2024
0.0273

Заев се сретна со шефицата на ММФ - Раст на БДП без зголемување на дефицитот

Објавено во: Македонија 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од дел од економскиот тим во Владата, денеска се сретна со Јесмин Рахман, шефица на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за Македонија.

- Ориентирани сме кон развој и финансиска стабилност на државата. Создаваме услови за економски напредок и цениме дека е тој можен, низ поддршка на инвеститорите, посебно домашните претпријатија и отворање нови работни места. Но мудро креираме одржливи политики, што ќе овозможат стабилност на Буџетот и фискална стабилност, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев посочи дека заложба на Владата е да го зголемува процентот на БДП, без да го зголемува дефицитот на државата.

Премиерот Заев соопшти дека новата Влада скрати милиони евра непродуктивни трошоци и дека парите се пренасочени кон проекти за капитални инвестиции, што ќе го покаже и Буџетот за 2018 година.

- Нашата цел е финансиска стабилност на граѓаните и семејствата. Покрај политиките на поддршка на домашните претпријатија насочени сме кон градење пријателски односи со соседите, регионот и земјите членки на ЕУ и НАТО од што веќе имаме првични резултати на заинтересираност на странски инвеститори за вложувања во Македонија. Политиките на Владата насочени кон стратешките цели на Република Македонија, евро-атлантските интеграции се дополнително охрабрување за домашните и странските инвеститори и оттаму со право веруваме дека економската клима во државата ќе даде видливи резултати, додаде премиерот Заев.

Премиерот Заев порача дека Владата има креативни и енергични министри кои работат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, но кои се истовремено свесни за потребата од одржлива финансиска стабилност во државата, и на тој начин и во иднина ќе работи Владата на Република Македонија.

Оценка на состанокот е дека луѓето го чувствуваат транспаретното работење на Владата што ја релаксира атмосферата на економски план и отвора шанси и можности за развој.

Можеби ќе ве интересира

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ПРЕКИН ВО ОПАЕ: Се расипал биометрискиот уред

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

ИЗЛЕЗНОСТ ПО ОПШТИНИ: Како тече гласањето ширум Македонија?

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

МАКЕДОНИЈА ГЛАСА: Обвинителството го следи изборниот процес за евентуални кривични дела

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДЕНЕСКА Е НЕРАБОТЕН ДЕН: Македонците се упатија кон Грција

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДО 9 ЧАСОТ: Колку граѓани гласале?

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес