28 Март, 2024
0.0296

ЗАЕВ: СИГУРНИ СЕ ТРИ ПРАТЕНИКА ПЛУС, ОЧЕКУВАМЕ И ПОВЕЌЕ - вети правда и економија за граѓаните

Објавено во: Македонија 16 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Можемееееее. 

Вака, проследен со громогласен аплауз од членовите и симпатизерите, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја прогласи победата на овие парламентарни избори.

Рече дека коалицијата Можеме има над три пратенички мандати, убедлива и стабилна предност.

Има можност за уште еден до два пратенички мандати повеќе од овој резултат. 

Нашата коалиција е победничка на овие парламентарни избори, нагласи Заев. 

„Граѓаните гласаа за сигурност, за економски патриотизам, за ред и правда. Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не“, рече Заев.

Вели дека изборите биле мирни и демократски.

Им се заблагодари на сите што беа активни учесници на македонската демократија. 

„Ние сме победници, имаме и зошто да се радуваме, денеска победи иднината, победи напредокот. Стара поговорка вели, како ќе си постелеш, така ќе легнеш. Така сите учесници на овие избори добија порака од граѓаните. 

Концептот на интеграција го порази концептот на изолација, а концептот едно општество за сите го порази лажниот патриотизам“, рече Заев. 

Најави дека следуваат уште поголеми плати, поголемо чистење на воздухот, еко држава, поддршка за граѓаните, и следуваат преговори со ЕУ.

„И конечно народе мој следува правда“, рече Заев, проследен со силна поддршка. 

Рече дека правдата ја бара тивкиот глас на оние многумина што не излегоа да гласаат.

Тој го чул нивниот глас и им вети правда на овие граѓани, за тоа ќе работи макотрпно со својот тим во наредниот мандат.

„Економија, правда, економија, правда“, вети Заев.

Можеби ќе ве интересира

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра