19 Август, 2019
0.0228

Заев: СЈО станува Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2019

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција објави дека Владата следната недела во Собранието ќе поднесе нов текст на закон за јавното обвинителство, според кој СЈО ќе се вгради во јиерархијата на основното обвинителство и ќе се вика Јавно обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

- Ги повикувам сите пратеници со сета внимателност да го проследат предлогот. Исклучително значајно е да кажеме дека да се препознае моментот за ставање на политичките разлики на страна, рече Заев откако беше откажана лидерската средба на која една од темите требаше да биде иднината на СЈО.

СЈО ќе се интегрира во досегашното ОЈО и во хиерархија и субординација оќе биде контролирано од актуелната обвинителка за ирганизиран криминал Вилма Рускоска. Сите обвинители ќе продолжат да работат во јавното обвинителство и же може да конкурираат. Одлуките за кадровските прашања ќе ги носи Советот на јавни обвинители..

Сите случаи кои се пред судовите согласно закон ќе ги продолжи новото обвинителстѕво. Постојните вработени и истражители, архивата, материјалите, средствата и опремата преминуваат во новото обвинителство кое ќе има финансиска самостојност.  Со две третини од Советот на јавни обвинители може да се разреш лидерот на ова ново СЈО

- ВМРО-ДПМНЕ нема никаков аргумент за неприсуство на лидерската средба. Во овој период не наидовме на соработка, туку на неразумни барања , масималистички барања и ултиматуми. Тоа го наметна прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски искрено се залага за европска Македонија и расчистување со криминалот. Ние докажавме дека за нас криминалот не познава партиски бои, рече Заев.

Идната недела во Собранието ќе биде поднесен нов текст за законот за јавно обвинителство, а Заев очекува тој да биде изгласан по две недели.

- Текстот ќе ги вградува и оние точки кои ги бараше и опозицијата и за кои сметаме дека ќе бидат прифатливи за сите пратеници, наведе Заев.


Можеби ќе ве интересира

Кичеец и пензионерката на која и легнале 720 илјади евра биле на распит

Кичеец и пензионерката на која и легнале 720 илјади евра биле на распит

Како Фетаи го коментира „Рекет“

Како Фетаи го коментира „Рекет“

Изгасен пожарот кај Пинтија

Изгасен пожарот кај Пинтија

СОНЧЕВО И ТОПЛО: Какво време не очекува оваа работна недела?

СОНЧЕВО И ТОПЛО: Какво време не очекува оваа работна недела?

Колку градови може да ни испразни заминувањето во Германија?

Колку градови може да ни испразни заминувањето во Германија?

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожари во Скопје, АРМ слави роденден

ФОКУС НА ДЕНОТ: Пожари во Скопје, АРМ слави роденден

Пожарот кај Пинтија уште гори-ќе се дежура и ноќеска

Пожарот кај Пинтија уште гори-ќе се дежура и ноќеска

СКОПЈЕ: Еден пожар ставен под контрола, друг избувнал кај Сопиште

СКОПЈЕ: Еден пожар ставен под контрола, друг избувнал кај Сопиште

Димитров се огласи за случајот „Рекет“

Димитров се огласи за случајот „Рекет“