18 Април, 2024
0.0277

Заев: Со Борисов средба до 10 ноември

Објавено во: Македонија 23 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателот на македонската Влада, Зоран Заев, рече дека до 10 ноември ќе има средба со бугарскиот премиер Бојко Борисов, по меморандумот од страна на Бугарија упатен до земјите-членки на ЕУ за време додека се крои преговарачката рамка за отпочнување на преговорите со Македонија.

- Во периодот не подоцна од 10 ноември да направиме една средба. Јас сакам да ја посетам Бугарија и тоа да биде моја прва посета во странство во вториот мандат како претседател на Владата, заради тоа што навистина имаме и прашања за разговори, а едно од нив е токму и историското поглавје за историската личност Гоце Делчев и овој период од историјата, рече Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање.

Тој рече дека овој датум се споменува, затоа што на 10 и 11 ноември се одржува Берлинскиот процес, со кој претседателствуваме со Бугарија, и дека на истата средба ќе се зборува и за подготовката 

- Треба овие денови да добиеме и повратна информација од Бугарија за тоа кога да седнеме и поразговараме, наведе Заев, кој одржа заедничка прес-конференција со новиот евроамбасадор Дејвид Гир.

Заев додаде дека е информиран од министерот за надворешни работи Бујар Османи дека комисиите Мешовитиот македонск-бугарски комитет продолжиле да работат, а за Гоце Делчев рече дека треба да се постигне компромис бидејќи двете страни го гледаат акко свој.

- Гоце Делчев е македонски револуционер, но факт е дека и Бугарија смета дека Гоце Делчев е бугарски револуционер, рече Заев.

Гир се повика на најавите од германското претседателство дека до крајот на годината Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ.

- Откако ќе се постигне согласност за преговарачката рамка, ќе се случи и првата меѓувладина конференција, која според германското претседателство, првата меѓувладина конференција ќе биде до крајот на годината, рече наследникот на Самуел Жбогар.


Можеби ќе ве интересира

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан