23 Април, 2024
0.0302

Заев со честитка до младите: Да ја донесеме Европа дома

Објавено во: Македонија 12 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев по повод Меѓународен ден на младите – 12 август, упати честитка во која на младите им порачува да бидат гласни критичари, будна авангарда и први предводници на убавата македонска иднина, бидејќи гласот на младите е гласот на иднината.

– Меѓународниот ден на младите најдобро се одбележува преку постојан ангажман и посветеност на младинските прашања во текот на сите 365 денови во годината – истакна Заев..

Тој додаде дека младите се изборија да седнат на владина маса за да ги кројат политиките кои се за нив најважни, а институциите дадоа поддршка и ги отворија ширум вратите за да продре младинскиот глас за младинската иднина и за иднината на Македонија.

– Ние возрасните треба да внимаваме и да се спротивставуваме со сите сили на говорот на омраза и да дејствуваме контра политиките на поделби и конфликти кои им ја рушат иднината на младите. Тоа ни кажува за важноста на добриот збор, како и за нашата обврска да овозможиме безбеден простор и безбедна држава за младите да се развиваат и да ја градат иднината тука, во нашата земја – порача Заев.

Според него, гласот на младите треба и мора да биде одлучувачки за иднината на младите.

– Свесни сме за најголемата болка на нашето општество – одливот на младите. Затоа активно работиме да ја донесеме Европа дома, да обезбедиме стабилност преку НАТО, за да ја гледаат младите иднината тука и да се изградат себеси тука. Од таму е најважно, младите да не дозволат одлуките за нивната иднина да ги носат само возрасните, оти помина времето во кое старите знаеја што е најдобро за младите. Денес младите знаат што е најдобро за нив самите, а јас го слушам нивниот глас и знам дека за нив најважна е иднината, својата и таа на државата – истакна Заев.


Можеби ќе ве интересира

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Мостот „Беласица“ го издржа тестот за носивост

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

Избирачкиот список намален за 10.000 гласачи

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...