16 Април, 2024
0.0263

Заев со осуда за инцидентот на Водно: Секоја цевка заштедува илјадници дрва

Објавено во: Економија 30 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот, Зоран Заев, го осуди вчерашниот инцидент на Водно кога градежни работници им се заканиле на активистите дека ќе бидат прегазени додека протестираа формирајќи жив ѕид во заштита на парк шумата. Од еко-групата „Го сакам Водно“ и денеска се на сртот на планината каде се копа за цевковод и е забранет пристап за невработени. Таму се собрани неколкумина, а работата на багерите е сопрена. Од групата најавија дека денеска ќе формираат жив штит.

- Сакам да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите, на претставници на изведувачите. Апсолутно ваков настан е за осуда, преку закани дека некој ќе нападне човечки живот. Ветивме дијалог за ова, се одржаа десетици состаноци, се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено за проект од ограмна еколошка и економска вредност. Секоја цевка заштедува илјадници дрва. Се надевам сите заедно будно ќе продолжиме да го следиме проектот гасификација, затоа што било која друга алтернатива може да направи поголеми штети. Доколку гасоводот поминува преку Скопска Црна Гора,  проектот ќе направи дупло поголема штета во исечените дрвја – рече Заев.

Тој додаде дека проектот ќе продолжи но во комуникација и консултација со невладиниот сектор.

- Немаме намера ништо да изнасилиме. Изградбата ќе застане таму каде што имаат замерка, таму каде што нема ќе продолжи. Не случајно граѓаните реагираат, има причина за тоа, а институциите се должни да слушаат внимателно и да изнајдат решение – додаде тој.


Можеби ќе ве интересира

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ФУТУРОЛОГ ПРЕДУПРЕДУВА: Физичките пари исчезнуваат, „новите банки“ ќе профитираат

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

СЕ НАОЃА ВО БОСНА: Ова е град на милионери

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување

РАСТЕ ЦЕНАТА НА СРЕБРОТО: Кризата на Блискиот Исток води кон негово поскапување