Заев: Сваровски судовите застанаа на патот на правдата
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2019
Пукавме бомби, ги ставивме животите во залог. И сега да запреме, нема шанси, рече претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, на денешната трибина „На прав пат“.
Тој го повтори својот став дека нема да има компромис со криминалот.
„Нема обвинител или судија што ќе го запре овој процес. Еден дел од судството остана како последен бастион од заробената држава. Наместо да се ослободат од сопствените окови, овие сваровски судови застанаа на патот на правдата. Ова мора да престане веднаш. Мора да ја променат својата работа и да одговараат пред граѓаните за својата работа. Ја повикувам Антикорупциска да почнат со проверките. И сите други институции, финансиска полиција, да почнат со проверка на пари, капитал, имот на овие судии и на нивните семејства.“, вели Заев.
Бара судскиот совет да провери како тоа застарувале предметите и кој влијаел врз судиите.