Заев тврди дека АСНОМ не се брише од Преамбулата на Уставот
Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2018
Образложувајќи ги четирите нацрт-амандмани што ги предложи Владата, премиерот Заев пред малку од Собраниската говорница кажа дека АСНОМ не се брише од Преамбулата на Уставот на Република Македонија.
Тој, како што потенцираше Заев ќе биде содржан двапати.
„Во Преамбулата ќе се додадат и зборовите Охридски рамковен договор со што ќе се потврди историското значење за нашата држава“, кажа премиерот Зоран Заев.
Премиерот истакна дека нацрт-амандманите дека заслужуваат поддршка од сите пратеници во Собранието во име на ЕУ интеграциите и новата политичка реалност.