Заев тврди дека имаат скоро 50.000 вработувања за две години
Објавено во: Економија 12 Август, 2019
Македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук објави статус во кој наведува дека во последниве две години во земјава има вкупно 49.552 нови вработувања.
„Според Државниот завод за статистика, во првиот квартал на 2019 година евидентирани се 789.414 вработени лица, додека во првиот квартал на 2017 година вкупно вработени биле 739.892 лица. Тоа не се ново-иселени лица, туку нововработени граѓани, тука, во нашата земја“, напиша Заев.
Заев потенцираше и дека не станува збор за ново-иселени лица, туку за нововработени граѓани во нашата земја.Тој во текот на недела дена на Фејсбук објави повеќе податоци за економската слика во земјава.