Заев тврди дека „Рекет“ не одмогна за добивањето датум
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019
Премиерот Зоран Заев во емисијата Отворено на ТВ 24 изјави дека случајот „Рекет“ апсолутно не одмогнал за добивање датум за преговори со ЕУ.
Тврди дека овој случај покажал дека и обвинител, и сопственик на телевизија може да биде во притвор.
За пратеничката Фросина Ременски рече дека не побарал оставка од пратеничкиот мандат, затоа што тоа е нејзина одговорност, и таа е избрана од граѓаните.