29 Март, 2024
0.0297

Заев убеден дека за 15 дена ќе направи Влада-Можно е или не?

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Опозицискиот лидер Зоран Заев изјави дека веќе се обезбедени потписите за добивање на мандат за нова влада. 

Според него останува уште помалку од преговорите со најголемата албанска партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) за формирање влада и до 10-15 дена земјата ќе има нова влада, предводена од социјал-демократите. 

„Веќе се обезбедени потписите за добивање на мандат. Сметам дека остана дел од преговорите за формирање влада, бидејќи најзначајните прашања - а тоа се се програмата на идната влада, платформата на Социјалдемократите, платформата на албанските партии, Законот за јазиците - се здружени“, изјави Зоран Заев вчера во Сараево. 

Тој во босанската престолнина отиде на церемонијата на доделувањето на наградата за најдобар градоначалник. 

Тоа според него се основните работи. „Останува да седнеме со претседателите на другите партии и да се договориме за ресорите за кадрите во Владата и верувам дека до 10-15 дена Македонија ќе има нова влада на чело со социјалдемократите“, рече Заев.

Засега овие тврдења на првиот опозиционер се неизвесни.

Се уште се зависи од ДУИ.

Во текот на вчерашниот ден на прес конференција излезе Бујар Османи кој што рече дека е завршена една важна фаза во преговорите на ДУИ со СДСМ.

Според она што го откри Османи, Собраниските седници ќе може да се водат и на Албански јазик. а донесените закони ќе бидат двојазични.

Химната и знамето нема да се чепкаат, бидејќи за нив е потребно менување на Уставот.

Утринава пак започна средбата на Централното претседателство на ДУИ каде што ќе се решава за Владата и идна коалиција со СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење