29 Март, 2024
0.0272

Заев утре очекува добри вести од министерскиот совет на ЕУ

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев во денешното интервју за австриски „Ханделсблад“ вели дека утре очекува позитивни заклучоци за Македонија на министерскиот совет на ЕУ во Брисел, каде што треба да се донесат јасни насоки за доделувањето на датум за преговори за земјата.

- Со нетрпение очекувам позитивни и јасни заклучоци, во кои се наведува дека можеме да ги започнеме преговорите за пристапување оваа година и на тој начин да обезбедиме понатамошна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија, вели Заев на прашањето какви се неговите очекувања за утрешниот состанок на европските министри кои во Брисел одлучуваат за разговорите за преговорите со Северна Македонија и Албанија. 

Додаде дека сигналите за тоа се повеќе одат во позитивна насока, односно во корист на Македонија и додава дека нема да претставува проблем за Македонија ако треба да чека до септември.

"Неодамна холандскиот парламент го одобри отворањето на разговорите за пристап со Северна Македонија. Исто така, се повеќе позитивни сигнали доаѓаат од Франција. Среќни сме што ќе чекаме само уште неколку месеци ако одлуката е јасна. Топката за отворање на разговорите за пристапување е сега со парламентите на земјите-членки, особено во Бундестагот. Перспективата на ЕУ е мотивација за нас. Ние не бараме да станеме членка на ЕУ за многу кратко време. Но, ни требаат преговорите за членство во ЕУ за да ги преземеме следните чекори, вели премиерот во интервјуто.

Тој додаде дека не очекува отпор од Германија по ова прашање и дека во прашање е мало процедурално одложување.

„Топкатаза пристапување е префрлена во германскиот Бундестагот. Извештајот на Европската комисија за проширувањето на ЕУ во Западен Балкан беше подоцна презентиран поради изборите во Европскиот парламент. Ова го одложи донесувањето на одлуките во Германија. Сепак, јас сум убеден дека на крајот ќе има позитивна порака за нас. Јас сум убеден дека Бундестагот ќе ги одобри разговорите за пристапување во септември, дополни Заев.

По негово убедување, земјата треба да стане официјална членка на ЕУ до 2030-та.

„Перспективата на ЕУ е мотивација за нас. Ние не бараме да станеме членка на ЕУ за многу кратко време. Но треба да се преземат следните чекори. Сите заедно работиме - владата, опозицијата, синдикатите, стопанската комора и невладините организации за да се постигне заедничката цел. Европа ни вети: ако испорачате, ЕУ ќе испорача исто така. Ова ветување е многу важно за нас“, изјави шефот на македонската влада.

Можеби ќе ве интересира

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

Тројца починати и тројца тешко повредени во сообраќајка во Кичево

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор