25 Април, 2024
0.0422

Заев вели дека Грција е за „ерга омнес“, но кои се македонските позиции?

Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев изјави дека на средбата во Давос, ги слушнал позициите на грчката страна преку премиерот Алексис Ципрас. 

„Тој, исто така, внимателно колку и јас ги слушна позициите на нашата, македонската страна. И тоа беше средбата во Давос. Се запознавме, во суштина, навлеговме да ги објасниме деталите за самите вакви позиции. Но, преговарачкиот процес продолжува со посредништво на Нимиц. И ќе ја користиме во иднина секоја можност на билатерална средба, да изнајдеме инвентивно решение, начин што ќе не спои и ќе не доближи, за да дојдеме до решение кое што е прифатливо за двете страни. Решението мора да го гарантира идентитетот и достоинството на двете страни. И тука нема дилеми, заради тоа што, тоа е нешто, кое што минимум се очекува. Јас реков, сериозно зборувам за прашањата и вчера реков: Став на Владата, или за Владата е прифатливо име со географска одредница. Тоа го темелам на основа на моите очекувања во внатрешната дебата која што ја имаме во Македонија. На чекорите кои што ќе ги правиме, на она кое што значи можности до каде можеме да се движиме, на спроведливоста на можните решенија и слично. Остануваме секако, достоинството, идентитетот, се важни работи. Јас сум убеден дека Македонија може, со консензус по ова прашање, во интерес на иднината, во интерес на перспективите, НАТО и Европската интеграција на Македонија, со консензус да изнајде решение“ - вели Заев. 

Вели дека дел од ставовите на „ерга омнес“ во Грција е  промена на Уставот во Македонија. И тоа се ставови на Грција, додава премиерот. 

„Ние имаме наши ставови. Значи зборувам за Уставот. Македонија го промени Уставот 1993 година, да го допрецизира членот, 49 од Уставот, вградувајќи амандман два. И ние направивме голем чекор, како земја, таа година. За да го отстраниме иредентизмот. Во моментот, се што правиме, е да докажеме дека Македонија нема никакви аспирации, територијални, или било какви. Македонија нема иредентистички побуди, Македонија сака да гради пријателство. И од тој аспект, не ги гледам потребите. Јас внимателно слушам и нашиот партнер со кој што преговараме, но апсолутно знам што е возможно и што е невозможно во Македонија. Зборувам на тој начин, за да дадам шанса на преговарачкиот процес. Многу важна. Апелирам, за да имаме транспарентна постапка, но и на внимателност. Многу е важно да успееме. Реков, не по секоја цена. Драго ми е, што пријателски е односот во Грција, барем на „лидершипот“ на државата, зборувам и за власт и за опозиција. Се уште го сфаќам. Секако постојат и радикални структури и тука и во Грција, но треба да направиме се, да се изнајде решение за да градиме во иднина и билатерално и регионално пријателство со сите“ - рече Заев.

Средбите продолжуваат, кажа Заев. Вели дека средби следуваат во февруари, и очекува неколку, а не една. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се сумираат резултатите од изборите, Силјановска со голема разлика пред Пендаровски

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

ХАЈРЕДИНИ: Што ќе се случи ако Македонците се обединат?

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот