19 Април, 2024
0.0288

Заев вели има, ФЗОМ не коментира за фиктивните рецепти: На потег обвинителството

Објавено во: Македонија 29 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Ако постои шемата за која зборува премиерот Зоран Заев со фиктивните рецепти за лекови тогаш загубата за државата е огромна, во милиони евра, коментираат експерти.  Сепак бараат овој скандал да се истражи, оти не сите веруваат дека матичните доктори на своја рака би пишувале рецепти кои не се покриени. Инаку Заев во четвртокот од собраниска говорница рече дека има шема во која доктори препишуваат фиктивни рецепти. Во петокот, Јавното обвинителство кажа дека се уште нема истрага, а дали ќе се отвара најверојатно ќе се знае неделава. Од ФЗОМ и од Министерството за здравство имаа скудни одговори за ова прашање.

Од Фондот за здравствено осигурување на прашањето на Фактор изјавија дека не коментираат изјави на претседатели на Влада и дека ФЗОМ, ќе има мерки за спречување на појавата.  Од Министерството за здравство велат дека се во постојана комуникација со фондот и дека наскоро ќе излезат со решенија за надминување на проблемот со квотите за лекови на рецепт.

Поранешниот заменик министер за здравство, Владимир Лазаревиќ, за Фактор вели дека  здравствените власти не ни можат да имаат информации за овие т.н фиктивни рецепти.

„Потрошувачката на лекови ја диктираат лекарите врз основ на здравствената состојба на пациентите кои ги лекуваат. Секогаш имало желба да се пренесе одговорноста само кон матичните лекари, но денес постојат многу добри податоци преку кои таквите состојби може да се точно утврдат и анализираат“, вели за Фактор Лазаревиќ.

Вели дека е можно да се издаваат вакви рецешти и бара ако е точно тоа да се санкционира. Загубите од ова може да се во милиони евра.

„На лекови во државата преку парите од Фондот се трошат околу 50 милиони евра. Ако постојат злоупотреби тогаш загубите може да се и големи, но повторно ќе кажам за тоа треба податоци кои ги има Мој термин и треба да се докаже дека издавањето на лекови не е резултат на медицинска потреба туку финансиска злоупотреба. Искрено не верувам дека има таква организирана спрега туку напротив верувам дека мнозинството матични лекари си ја вршат својата работа одговорно во најдобар интерес на пациентите“, истакнува Лазаревиќ.

Според него, потребни се реформи во примарното здравство во земјава кои треба да ја унапредат улогата на семејните лекари и да се надградат нивните претприемачки способности. Лазаревиќ смета дека тоа може да се постигне со воведување финансиски стимули, но и со намалување на обемот на административната работа.

Н.М.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите