Заев: Вистинскиот патриот со погледот е свртен кон иднината
Објавено во: Македонија 09 Септември, 2018
Премиерот Зоран Заев, синоќа изјави дека вистинскиот патриот е горд на своето минато, а со погледот е свртен кон иднината.
„Некои од нашите најголеми соништа останаа неисполнети. Македонија со години беше закочена. Македонија не го обезбеди напредокот изминатите 27 години. Јас добро го знам тоа, патувам низ сите села и градови. Гледам и знам, и затоа велам, време е да бидеме храбри и да гледаме кон иднината. Ве гледам во очи и ве уверувам, можеме, ако се држиме заедно и ако ја зграпчиме шансата. Велам дека можеме бидејќи верувам во оваа генерација и бидејќи добиваме поддршка од секаде. Драги млади бидете будни и гласни и на 30 септември – одлучувате за вас и вашата иднина“, рече Заев во својот говор.
Порача дека ова е генерацијата која треба да ја менува иднината на Македонија.
Премиерот се осврна на придобивките од Договорот со Грција и нагласи дека со него се потврдуваат македонскиот јазик и националност.
Во својот говор, им Заев се заблагодари на сите граѓани и етнички заедници кои, во овие според него клучни моменти, покажале солидарност и дале силна поддршка на сограѓаните Македонци.