Заев во МТВ ќе излезе на „мегдан“ со уредници од сите медиуми
Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2017
Зоран Заев како нов премиер на Република Македонија ќе го има првото медиумско соочување и тоа со уредници од повеќе национални медиуми. Се очекува мега интервјуто на кое Заев ќе даде одговори на многу важни прашања да се одржи утревечер во 20:15 часот на Првиот канал на Македонската телевизија.