Заев во одбрана на Богоевски: Тоа си е лична работа
Објавено во: Македонија 20 Мај, 2019
Она што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право, рече денеска премиерот Зоран Заев, коментрајки го случајот со пратеникот Павле Богоевски. Заев застана во негова одбрана и рече дека тој е активен во Собранието, но повика истрагата да се заврши.
„Јас сум транспарентен човек секогаш сум повикувал на одговорност, сум разрешил луѓе, директори...Сега зборувам за нови промени. Она кое што во приватниот живот на одредена личност нема рефлексија врз извршувањето на неговата јавна функција за мене е негово лично право како се однесува. Затоа и мојата политичка партија соопшти дека тоа е негово лично право, негова лична одговорност и етичко однесување. Неговото работење во парламентот е успешно. Тој е еден од активните учесници во парламентот и учествува во комисиите. Каква и политичка одлука да донесе ќе ја почитувам“, изјави Заев кој денеска е во Виена.
Премиерот рече и дека Богоевски сам се пријавил во полиција.
„Направил обид за да набави лек за својата сестра, не сум имал можност да се видиме, но ќе се видиме. Треба да биде еднаков како сите, но се пријави и самиот и го пријави и таксистот. Јавно настапи и транспарентно, не го бранам, но како што се зборува за сите така и за него“, рече Заев.
А.Т.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.