23 Април, 2024
0.0264

Танасоски: Вработувањата во Царина се неопходни

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Директорот на Царина, Ѓоко Танасоски, вели дека управата од 2015-та нема примено соодветни кадри во своите редови, правдајќи го тридневниот оглас за нови 78 вработувања кој завршува денеска. 

Овој „бран“ на отворања на нови работни места под државна капа беше критикуван од јавноста, во чиј оглас препозна непотребен обид за пренатрупување на и онака масовната администрација.

Од 2015-та нема нови вработувања а се зголемија капацитетите на самата Царинска управа во меѓувреме. Огласот е резултат на зголемениот обем на работа. Управата има нови надлежности, а започнуваат и преговорите со Европската унија, така што ова е нормална работа. Огласот инаку трае само три дена затоа што станува збор за врбаотувања на определено време и тоа е според законот. Сакам да ја информирам јавноста дека во огласот не се бараат советници, туку само еден советник - рече денеска Танасоски на прес-конференција.

Премиерот Зоран Заев ги објасни вработувањата со новиот царински процес - едношалтерски систем.

- Овие работници ќе бидат потребни за новите технички аспекти на работата на Царината. Станува збор за неопходни вработувања во администрацијата - рече Заев.

Премиерот додаде дека реформскиот процес во јавната администрација и прераспределувањето на вишокот вработени ќе продолжи без никој да изгуби од истиот.

- Никој нема да го изгуби лебот, туку ќе ја стегнеме администрацијата да биде ефикасна и ефективна онака како што се очекува од истата - дополни тој.

Можеби ќе ве интересира

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

Кој заработи 1,5 милиони евра од извоз на јагнешко за католички Велигден?

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

КРИЗАТА ГО РАСТУРА ОВОЈ БРЕНД НА СПОРТСКА ОПРЕМА КОЈ ГО ОБОЖУВАМЕ: Гигантот отпушта вработени, а паѓа и вредноста на берзите

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Јаким Неделков: Легна зголемена плата за 12 отсто на сметките

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Сопственичката на „Еурофарм“ ја презеде градежната компанија „Пелистер“

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!

Кој е директорот? Ќе добие 72.900 евра награда од фирмата со која раководи!