29 Март, 2024
0.0255

ЗАЕВ-ВУЧИЌ: Успешни разговори, добри односи и заеднички пат кон ЕУ

Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, во рамките на официјалната посета на владината делегација на Република Србија денеска се сретна и со претседателот на државата Александар Вучиќ.

На средбата меѓу премиерот Заев и претседателот Вучиќ, на која присуствуваа и заменикот претседател на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски,  и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски, беше истакнато традиционално доброто пријателство и соработка меѓу двете земји како исклучителен потенцијал за продлабочување на овие релации, пред кои претстојат извонредни можности за повеќе нови иницијативи во повеќе области, со меѓусебна почит во однос на сопствените стратешки интереси.


Двeте држави делат многу заеднички интереси како што се евроинтеграциите за кои е разговарано да продолжат заедничките проекти на овој план.

Од особен интерес е соработката и на безбедносните прашања, економската и социјална благосостојба на граѓаните на двете земји, како и регионалните иницијативи за кои и од Република Македонија и од Република Србија има особено голем интерес.


Отворени се многу проекти за соработка за време на оваа средба за кои ќе следуваат конкретни подготовки и динамика која ќе биде потврдена на најавената заедничка владина седница која ќе се одржи наскоро.

И на оваа средба се потврдени идеите за соработка на планот на дигиталазицаијата, старт-ап иницијативите и иновативните технологии, и за заеднички настапи на стопанствениците од двете страни на трети пазари.


Република Македонија и Република Србија ќе ги реафирмираат идеите за соработка на одбележувања на значајни настани, датуми и културно-историски места од интерес на двете земји, како и конкретна соработка на културен план на ниво културно-информативни центри во двата главни града.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење