Заев за пописот: Многу граѓани кои одбиле, на вториот обид се одзвале
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021
За пописот, премиерот Зоран Заев вечерва во Тв дуелот на Канал 5 кажа дека овој пат процесот ќе успее.
Заев кажа дека се попишани над 1 милион луѓе во земјава. Тој се заблагодари на опозицијата која повика на попишување, но и на сите професионалци.
„Многу граѓани кои одбиле, на вториот обид се одзвале, и се попишуваат. Тоа покажува дека народот ни е одговорен и дека може да се спроведе попис ако се сака“, рече Заев.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го посети Заев дека кога зборува за пропаднатиот попис во времето на власта на ВМРО-ДПМНЕ, и ДУИ беше на власт и треба и тоа да го спомене.
Тие имаат различни гледања на пожарот кој се случи во Тетово.