19 Април, 2024
0.0287

Заев: За прислушкуваните материјали дознав кога станав претседател на СДСМ

Објавено во: Македонија 24 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Шефот на македонската Влада, Зоран Заев, денеска повикан како сведок на Обвинителството во Кривичен суд за предметот „Таргет и Тврдина“ рече дека за нелегално прислушкуваните материјали од УБК бил информиран од разузнавачот Зоран Верушевски кога станал претседател на СДСМ во 2013.

„Прв пат за прислушувањето слушнав кога станав претседател СДСМ. Претседател на Комисијата за безбедност и контраразузнавање беше Зоран Верушевски. После јуни 2013 година дознав за прислушувањето. Тие материјали ги добиле од институциите во Македонија за потребите на СДСМ. Само јас како претседател бев информиран за тие разговори. Од тие материјали дознавме дека се прислушувани над 20.000 директно или индиректно. Најмногу се прислушувани телефони на СДСМ, па на новинари и на високи претставници на албанските партии“, рече Заев.

Премиерот додаде дека тој бил најприслушкуван со илјадници разговори и смс пораки и од тоа со што располага СДСМ, се прислушувало во периодот од 2008 до 2014 година. Тоа, додава се правело во МВР и УБК. Верушевски, актуелен советник во Владата,  го информирал Заев дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите.

– После примопредавање на функцијата логично како претседател одржав информативни состаноци со сите комисии. Претседателот на Комисијата за безбедност Зоран Верушевски целосно ме запозна со делокругот на таа комисија, согласно делот на добивање информации за потребите на партијата. Во тој сегмент бев информиран дека партијата располага со документи и материјали од типот на незаконско следење на комуникациите, изјави Заев.

Заев додаде дека Верушевски, инаку претходен сведок во овој судски процес, му потврдил дека ги поседуваат материјалите во сите потребни форми. 

– Единствено што ме интересираше е дали тие материјали доаѓаат од институции на државата или од надвор. Дека доаѓаат од институции на државата, тоа можев да го видам од презентацијата на материјалите и документите во владеење на СДСМ, рече Заев.

Прашан што констатирал од тие материјали, Заев рече дека од согледувањето увидел дека се прави масовно следење.





Можеби ќе ве интересира

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне