Заев за референдумот: Не дај Боже да не успее
Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2018
Не дај Боже да не успее, рече денеска премиерот Зоран Заев зборувајќи за референдумот.
Сепак, тој вели дека амбиентот се чувствува во Македонија и се надева дека граѓаните ќе ја препознаат оваа историска шанса.
И министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска кажа дека одлуката која ќе биде донесена во консултации со опозицијата треба да биде добра за Македонија, а не за поединечни партии и личности.
„Референдумот ќе биде важен дел и ќе ги поканиме, не политичарите, туку граѓаните на оваа држава, сите да се вклучат и да дадат поддршка на европска и евроатланска Македонија“- рече Шекеринска.
Заев истакна дека ова е исклучително важно прашање.