Заев забавува со оптимизмот: Носам нова лузна за недобиенот датум
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2019
Разочаран и без оптимизам, премиерот Зоран Заев тврди дека имало ветувања за добивање датум за преговори и дека тие ветувања биле постојани и прецизни. ЕУ сакала да даде признание за реформите и за договорите со Бугарија и Со ГРција но тоа сега не е исполнето. Во интервју за емисијата 360 степени Заев рече дека ова му зналчи нова лузна на неговото лице.
„Јас реков дека ова ќе го носам како нова лузна на моето лице, како што ги носам лузните од непријатните настани, коишто се случија во Собранието. Секако, очекувавме Европската Унија да го исполни своето ветување, коешто за жал не го исполни. Рекоа дека направиле историска грешка. И јас така ја нареков таа постапка – историска грешка, рече Заев.
Италија има иницијатива прашањето за Македонија да с еврати во ноември но Заев не е оптимист.
„Сега јас малку ќе закочам со мојата надеж и оптимизам. Нели бев најголем оптимист. Ние да си работиме, а тие дај боже побрзо да одлучат, да ги отворат поглавјата за нас, односно да ја донесат одлуката за почеток на преговорите“, додаде Заев.
Тој патува во Рим на 29 октомври на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте.