19 Април, 2024
0.0296

ЗАЕВ ЗАМИНУВА ОД КАБИНЕТОТ УТРОВО: Примопредавање, па Ковачевски ќе носи енергетски одлуки

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Зоран Заев заминува, во премиерското столче ќе седне Димитар Ковачевски. Од Владата соопштија дека денеска со почеток во 09:00 часот ќе се случи примопредавање на функцијата и на кабинетот помеѓу досегашниот премиер Зоран Заев и новоизбраниот премиер.

Новата Влада беше избрана вчера во Собранието, а Ковачевски рече дека легитимитетот на Владата е неспорен и со зголемената поддршка на мнозинството одржлив во следните две и пол години. 

„Јасно и гласно потврдувам дека избори ќе има, но, во 2024 година. Дотогаш ќе работиме посветено на унапредување на економијата и квалитетот на животот на граѓаните на државата. Со работа започнуваме веднаш. Веќе на првата седница на Владата отпочнуваме со носење на решенијата за енергетската криза. Утре ќе остварам и средба со новата германска министерка за Европа со која ќе разговарам за забрзување на евроинтеграциите. Веќе во вторник на мое големо задоволство ќе бидам домаќин на новиот бугарски премиер Кирил Петков со кого сакаме да воспоставиме нова соработка базирана на почитување, поддршка и зачувување на македонскиот идентитет, рече вчера Ковачевски.

Најави дека Владата веднаш потоа ќе продолжи со решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните. Ќе се посветиме, додаде тој, на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции. Ковачевски нагласи и дека секој министер во својот ресор и целата Влада имаат јасен и прецизен план за реализирање на поднесената програма со рокови и индикатори за следење на реализацијата и ефектите. 

-Најавив и нудам партиципативност и уште еднаш ја повикувам целата опозиција за заедничка работа за клучните прашња. Нашите граѓани се обединети во барањата за подобар живот. За тоа единствено ќе работиме и бараме сите да ни се приклучите за да ја реализираме таа цел. Да престанат политичките, етничките и сите други поделби и заедно да работиме за решавање на клучните прашања, рече Ковачевски. 

Побара да се тргнат личните и теснопартиските интереси на страна, бидејќи, како што нагласи премиерот, сега повеќе од било кога мора да соработуваме во интерес на граѓаните.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба