24 Април, 2024
0.0356

Заев: Знаевме дека се руските пранкери, а не Грета

Објавено во: Македонија 09 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, за последната аудио-снимка во која разговара со руските пранкери денеска одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со Билал Касами рече дека однапред пред телефонскиот разговор знаел дека тоа не се повици од активистката Грета Тунберг и нејзиниот татко.

- Да ве потсетам уште кога се случи првиот разговор ние јавно објавивме дека потоа имаше повторен обид за хибриден напад, буквално со модерни технологии менувајќи го гласот на славната Грета. Тогаш објавивме детали и во разговорот слушате дека молчам во долги паузи за да ги оставиме да зборуваат. Го информиравме семејството на Грета и тие се згрозија од тоа. Видовме колку може овој свет да биде загрозувачки за државите, градовите, поединци, граѓаните и општеството. Овој обид за манипулација веќе беше фатен со почитување на протоколите после првиот случај што се случи во нашата земја, рече Заев пред медиумите.

Руските пранкери Вован и Лексус вчера го објавија разговорот кој поранешниот премиер Зоран Заев го имал со „активистката против климатските промени Грета Тунберг и нејзиниот татко“. 

Заев го напаѓа францускиот претседател Емануел Макрон за кого се согласува со мислењето на лажната Грета дека е ужасен човек. Експремиерот, исто така, ѝ ветува на лажната Грета дека ќе ги затвори аеродромите поради нејзиното мислење оти на тој начин ќе се сопре загадувањето на воздухот, а во разговорот се вклучува и „таткото“ на Грета со кого Заев разговара за пушење марихуана.



Можеби ќе ве интересира

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат