04 Август, 2020
0.0436

Загарантиран поврат на средства со American Express Point дебитна картичка

Објавено во: Мои пари 10 Декември, 2019

Започнувајќи од овој месец дебитната картичка American Express Point издадена од Силк Роуд Банка АД Скопје станува единствена дебитна картичка во државата која нуди загарантиран поврат на средства со сите трансакции направени на територија на Република Северна Македонија.

Имено, со секоја трансакција направена со картичката добивате 1% загарантиран поврат на средства (“кешбек”) при сите направени купувања и трансакции во државата, освен за трансакции направени кај трговци кои се веќе вклучени во  „Твој Бонус“ програмата за поврат на средства.

”Со оваа нова можност која ја нуди American Express Point дебитната картичка, за прв пат во земјата една дебитна картичка нуди загарантиран поврат на средствата, во вид на cashback. American Express картичките се препознатливи по Твој бонус програмата која нуди поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај одредени трговци, а сега со оваа нова можност која ја нуди eдинствено American Express Point картичката при плаќање со истата кај сите трговци кои го прифаќаат American Express брендот, корисниците добиваат загарантиран 1% поврат на средствата со секоја направена трансакција. Со воведувањето на оваа можност, се надеваме дека ќе го подигнеме задоволството на корисниците на картичките од причини што практично со секоја трансакција, клиентот добива дополнителен бенефит со плаќање со картичката. Се надеваме дека во иднина American Express Point картичката ќе стане главниот избор за плаќање со дебитни картички на граѓаните, а особено имајќи ја во предвид законската регулатива која оневозможува плаќање во готовина на поголеми износи”, изјави Благоја Спасовски, Директор на Службата за картички во Силк Роуд Банка АД Скопје.

American Express Point  e дебитна картичка за физички лица директно поврзана со средствата од личната трансакциска сметка на корисникот. Со користење на картичката добивате пристап до вашата трансакциска сметка, ви овозможува подигнување на готовина на сите банкомати на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка во земјата, подигнување на готовина во повеќе од 600.000 банкомати во светот, пристап до единствената „Твој Бонус“ програма за поврат на средства и СМС нотификација за секоја направена трансакција со картичката.

Дополнително, со секоја трансакција со картичката, банката донира по 5 денари за потребите на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, согласно со проектот Наша Донација со секоја трансакција“.

Аплицирањето за American Express Point дебитна картичка е бесплатно и се врши со валиден документ за идентификација во експозитурите на банката.

Повеќе информации за картичката може да добиете на веб страната на банката, во некоја од експозитурите или на телефонскиот број 02/3203-555.


Можеби ќе ве интересира

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Првото издание на Flipbook Film Festival ќе се одржи од 7 до 9 август 2020 година во МКЦ

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Извлечен среќниот добитник на автомобилот пежо 208 во големата наградна игра на Веро

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Една шолја какао на ден: Благодет за целиот организам

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Кроација Oсигурување AД - Друштво за неживотно осигурување се закити со меѓународен Сертификат за квалитетно управување

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Намалување што не се пропушта: До -70% на колекција пролет/лето ‘20!

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Зошто да се одлучите за премиум систем за греење и ладење?

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

Синдициран заем од 72 милиони евра за финансирање на изградбата на East Gate Mall во Скопје

45 години икона: Porsche 911 Turbo

45 години икона: Porsche 911 Turbo