16 Јули, 2025
0.0408

ЗАГИНА 17-ГОДИШЕН МОТОРЦИКЛИСТ ОД КИЧЕВО - повеќе сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2025 15:09

Добивај вести на Viber

Повеќе сообраќајки се случиле изминативе 24 часа, а притоа за жал повторно со смртни исходи. 

Како што јавуваат од Министерството за внатрешни работи, пријавена е сообраќајна несреќа во Кичево, при што загинал малолетник на само 17 години. 

- Во Полициската станица Кичево вчера во 15:26 часот е пријавено дека на крстосница од улиците „Борис Кидрич“ и “Мирко Милески“ во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од А.Е. (21) од село Стрелци, кичевско, и мотоцикл „Хамачи“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Кичево. 

По несреќата малолетникот кој што се здобил со тешки телесни повреди, им подлегнал на повредите на пат кон Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а смртта е констатирана од лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид од надлежен јавен обвинител од ОЈО Кичево и увидна екипа од ОВР Кичево - соопштуваат од МВР во нивниот редовен билтен. 

Дополнително, сообраќајни несреќи се случиле и во Гостивар и во Скопје. Во Гостивар е повреден повозрасен пешак кој добил потешки порведи.

Вчера во 19 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат во село Чајле, гостиварско, патничко возило „Опел корса“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(63) од село Чајле удрило во пешакот Х.Т. (74) од истото село. Во несреќата Х.Т. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар - стои во билтенот. 

Додека во Скопје се пријавени две сообраќајни незгоди, од кои едната во централното градско подрачје, а другата во Петровец. 

- На 04.07.2025 година во 23,25 часот на крстосницата на булеварот „Партизански одреди“ со улицата “Лондонска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Рено каптур“ управувано до Д.И. (20) од Скопје и патничко возило марка „Ауди А-5“ управувано од Е.С. (20) исто така од Скопје. 

Во несреќата со телесни повреди се здобиле Е.С. како и неговите двајца сопатници А.И. (26) и Е.Б. (21) а констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и тие сите се пуштени на домашно лекување. Увид е извршен од увидна екипа при СВР Скопје а причинета е материјална штета од околу 200.000 денари - стои во Билтенот. 

Што се однесува пак до несреќата во Петровец, еден од учесниците во несреќата се здобила со тешки телесни повреди. 

Во СВР Скопје вчера во 11:20 било пријавено дека на улицата „1“ во село Петровец, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 75-годишната О.Д. од село Мралино, скопско и мотоцикл марка „Хамачи“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(50) од село Петровец. 

Во несреќата А.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје - се посочува во билтенот. 

Можеби ќе ве интересира

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд

Напаѓачот на Данела Арсовска заминува во притвор, одлучи Кривичниот суд