ЗАГИНА 5-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ СКИ ЦЕНТАР: Ја прегазил скијач со огромна брзина
Објавено во: Свет 16 Јануари, 2022
Петгодишно
девојче од Британија загинало во популарниот француски ски-центар Флане, откако
скијач со голема брзина налетал на неа.
Како што пишува францускиот Локал, девојчето било на патеката за почетници во школата за скијање и заедно со другите деца и професорката по скијање учело да скија. Девојчето било до својата група обидувајќи се да се сврти на скии, кога налетот скијачот и се обидувал да ја избегне, но тој не можел да ја контролира траекторијата на движењето.
Девојчето починало во хеликоптер кој ја превезувал во болница.
Човекот кој го усмрти девојчето е во притвор и се соочува со обвинение за убиство од небрежност.