(ВИДЕО) ЗАГИНА ХРВАТСКИ ВОЈНИК ВО КАБУЛ: Вооружените сили на БиХ на сигурно
Објавено во: Балкан 24 Јули, 2019
Хрватските војници на вооружените сили во Авганистан се сметени во тајност и се на сигурно, пренесуваат
медиумите од регионот.
По информациите за самоубиствениот напад во Авганистан, во кој загина еден хрватски војник ова утро,припадниците на вооружените сили на БиХ објавија дека членовите на мисијата се безбедни.
Сите членови на БиХ, кои се наоѓаат во мировната мисија за поддршка во Кабул, Авганистан, се безбедни и редовно ги извршуваат задачите.
Според хрватските медиуми, хрватскиот војник кој беше сериозно повреден ова утро заедно со двајца негови колеги во самоубиствениот бомбашки напад во Авганистан починал утринава.
Војник кој починал имал тешки повреди на главата.