17 Јуни, 2025
0.3318

ЗАГИНАА ЧЕТИРИ ЛИЦА, ИМА И ПОВРЕДЕНИ: Кој го погоди интернатот во Суџа?

Објавено во: Свет 02 Февруари, 2025 09:44

Добивај вести на Viber

Загинаа најмалку 4 лица, а Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за смртоносниот напад на интернатот во Суџа, во Курск во Русија. 

Украинските вооружени сили објавија дека Русија лансирала бомба од руска територија која погодила интернат во Суџа, при што загинале најмалку четворица. Внатре имало луѓе кои се подготвувале за евакуација.

Спасени се или укажана им е медицинска помош на 84 луѓе. Четворица од повредените се во тешка состојба. Спасувачките напори за расчистување на урнатините продолжуваат. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека нападот врз Суџа, на 12 километри од границата со Украина, покажува како Русија ја води војната.

Тие ја уништија зградата иако таму имаше десетици цивили. Вака Русија водеше војна против Чеченија пред неколку децении. Тие убиваа Сиријци на ист начин. Руските бомби на ист начин ги уништуваат домовите на Украина“, тврди Зеленски. 

Руското Министерство за одбрана рано утринава објави дека украинските сили извршиле „целен ракетен напад врз интернат во градот Суџа“ од територијата на Украина. Вршителот на должноста гувернер на рускиот Курски регион, Александар Хистајн, ги обвини силите на Киев за нападот и рече дека уште нема сигурни информации за бројот на потенцијалните жртви.

Портпаролот на украинската армија, Олексиј Дмитрашкивски претходно во видео објавено на Фејсбук изјави дека речиси 100 луѓе се под урнатините, а, како што рече, главно постари и изнемоштени луѓе. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година. Се очекува дека во наредните месеци, американскиот претседател Доналд Трамп ќе се заложи за ставање крај на војната.

Можеби ќе ве интересира

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

ТУРЦИЈА Е ПОДГОТВЕНА ЗА ВОЈНА СО ИЗРАЕЛ? Ердоган го предупреди Нетанјаху

Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц

Гроси: Постои можност за радиолошка и хемиска контаминација во објектот Нетанц

КОЈ Е ПОСИЛЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Еве како се споредуваат армиите на двете сили

КОЈ Е ПОСИЛЕН, ИРАН ИЛИ ИЗРАЕЛ?Еве како се споредуваат армиите на двете сили

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

САТЕЛИТСКИ СНИМКИ: Еве какви штети има во Иран

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи