16 Април, 2024
0.0507

Загинатото момче на мотоцикл во Козле имало само 14 години, осомничен 53-годишен возач

Објавено во: Македонија 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен возач кој со својот „мини купер“ направил прекршок поради кој загина 14-годишен малолетник на мотоцикл во Козле. Тој се товари за кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

„Осомничениот 53-годишник, на 5 декември, со возило „Мини купер“, навлегол на крстосницата меѓу улиците „Пијанец“ и „Козле“, без да го пропушти возилото кое веќе се движело по улицата „Козле“ и кое имало првенство на минување. На тој начин тој го попречил движењето на мотоцикл „Хонда“, управуван од дете на возраст од 14 години.

Мотоциклот удрил во страничниот дел од автомобилот, оштетениот се превртел и паднал на коловозот, па се излизгал на лентата наменета за сообраќај на возила во спротивна насока, каде удрил во автомобил „Цитроен Ц3“. Во несреќата, оштетениот возач на мотоциклот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш починал“, опишува Обвинителството.

Кривичниот суд определи мерки на претпазливост за осомниченото лице – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, како и привремено одземање на возачката дозвола односно забрана за нејзино издавање.​


Можеби ќе ве интересира

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

ОСМАНИ: Од семејни здравствени причини ќе ги прекинам денешните активности во кампањата

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

Данела Арсовска: Универзална сала изгоре по еден месец откако е под Министерството за култура

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

УБАВА, ИНСПИРАТИВНА, ВО ЦРНО - обвинителката Фатиме Фетаи во свој стил го прослави 39 роденден

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

Среќна сум што НЛБ Банка го препозна потенцијалот на нашиот проект во момент кога тоа ни е можеби најпотребно: Ксенија Николова за „Better Women Better World“

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

„СЕВЕРНОМАКЕДОНСКАТА ВЛАДА Е ТРГНАТА, ГРЕШКАТА Е ИСПРАВЕНА“ - се огласи МНР по пропустот на Европскиот парламент

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

Пад на бројот на ученици,затворени 14 училишта

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

„ОСМАНИ Е ЕДНА ОД ГОЛЕМИТЕ ГРЕШКИ НА СДСМ. ДАЛИ Е МЕЃУ ГРЕШКИТЕ ШТО ГИ ПРЕПОЗНАВААТ?“: Најчевска со реакција на изјавата на Османи дека нема да присуствува на средби на Отворен Балкан

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

Малолетник од Тетово украл автомобил и направил сообраќајка

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница

СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ И ДЕНЕС ШТРАЈКУВААТ - се уште нема конкретен одговор од надлежните, предизборниот период главна кочница