Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, вели Борисов откако излезе од притвор
Објавено во: Балкан 18 Март, 2022
Eкс бугарскиот премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов, вечерва излезе од притвор.
Тој 24 часа беше во полиција.
„Вчера синоќа, влезе полицијата. Ниту обвинение, ништо. На крајот откриле дека ништо не е пронајдено. И јас мислев дека си заминуваат, и рекоа ќе те задржиме. Не донесоа овде. Издржавме 24 часа. Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, додаде лидерот на ГЕРБ.
Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и публицистката на Борисов, Севдалина Арнаудова.
Премиерот на Бугарија, Кирил Петков порача дека никој не е над законот.
Бугарското министерство за внатрешни работи потврди дека операцијата во рамките на која бил приведен Борисов е поврзана со 120 случаи на злоупотреба на средствата од ЕУ.
фото БГНЕС