ЗАГУБИ ОД КОРОНАВИРУС: Авиокомпаниите најголеми губитници
Објавено во: Свет 21 Февруари, 2020
Авиокомпаниите поради новиот коронавирус ќе загубат скоро 30 милијарди долари.
Најголеми загуби ќе забележат компании од Кина, чиј пад на профитот само на домашниот пазар се проценува на 12,8 милијарди.
Проценките на Меѓународната асоцијација на авиопревозници (ИАТА), говорат дека авиокомпаниите во азиско-пацифичкиот регион ќе загубат 27,8 милијарди американски долари како резултат на епидемијата на новиот коронавирус. Побарувачката за авио-билети во регионот ќе се намали за 13 проценти.
Со оглед на тоа што проценката на растот е проектирана на 4,8 проценти, целокупното намалување на профитот ќе изнесува 8,2 проценти, објави ИАТА.