21 Јануари, 2020
0.0161

ЗАГУБИ ТЕШКИ 5 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Погубни пожарите во Австралија

Објавено во: Свет 13 Јануари, 2020

Австралија ќе се соочи со загуби тешки околу пет милијарди австралиски долари (3,5 милијарди американски долари) како резултат на погубните пожари кои полека се ставаат под контрола, покажуваат прогнозите на австралиската банка Вестпак.

Оваа природна катастрофа исто така може да „проголта“ 0,2 до 0,5 проценти од бруто домашниот производ на земјата, се вели во прелиминарната анализа на банката  објавена денес.

Најголема штета трпи туристичкиот сектор и земјоделство, при што најтешко погодената територија сочинува околу еден процент од националната економија.

Од 8 ноември, кога вонредната состојба беше прогласена поради пожарите, до осигурителните компании се поднесени околу 10.550 барања за отштета во висина од 939 милиони американски долари.

Иако вкупната цена на катастрофа како оваа (вклучувајќи и осигурани и неосигурани загуби кои бараат државна помош) отприлика се двапати поголеми од осигурените загуби, полното економско влијание е „високо неизвесно“, наведува банката.

-Процената на економски последици на катастрофа секогаш е многу тешка, посебно кога уште не е познат целосниот обем на штета“, наведуваат аналитичарите на Вестпак.

Сегашната криза со пожарите има поголеми последици од пожарите кои ја зафатија Викторија во 2009 година наречена како „Црна сабота“ , една од најразорните во историјата на Австралија, во која загинаа повеќе од 170 луѓе, уништени беа 2029 куќи а запалени повеќе од 400 000 хектари земја.

Само поплавите во Квинсленд 2010/11 година нанесоа поголеми штети со вкупно проценети трошоци од 6,4 милијарди австралиски долари, додаваат од Вестпак банката.

Можеби ќе ве интересира

НЕ САКААТ ДА БИДАТ СВЕТСКА ДЕПОНИЈА: На четири богати земји им враќаат 150 контејнери отпад

НЕ САКААТ ДА БИДАТ СВЕТСКА ДЕПОНИЈА: На четири богати земји им враќаат 150 контејнери отпад

(ВИДЕО+ФОТО) СНЕГ ДО ПОКРИВИТЕ: Копаат тунели за да излезат од дома

(ВИДЕО+ФОТО) СНЕГ ДО ПОКРИВИТЕ: Копаат тунели за да излезат од дома

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

(ФОТО) Двајца мажи и жена бездомник загинаа во снежно невреме во Шпанија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ, ПЕСОЧНА БУРА, СЕГА ГРАД КАКО ТОПЧЕ ЗА ГОЛФ: Силно невреме во Австралија

(ВИДЕО) ПОЖАРИ, ПЕСОЧНА БУРА, СЕГА ГРАД КАКО ТОПЧЕ ЗА ГОЛФ: Силно невреме во Австралија

(ФОТО) СЕЛО ПОСЛЕ ВУЛКАНОТ: На жителите им е забрането да се бранат

(ФОТО) СЕЛО ПОСЛЕ ВУЛКАНОТ: На жителите им е забрането да се бранат

Снежно невреме го блокираше Техеран

Снежно невреме го блокираше Техеран

НЕ Е САМО ГРЕТА: Во Давос доаѓаат и други активисти тинејџери

НЕ Е САМО ГРЕТА: Во Давос доаѓаат и други активисти тинејџери

Европски град ќе ги плати долговите на младите

Европски град ќе ги плати долговите на младите

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени

Русите на Водици влегуваат во вода на минус 30 степени