Захариева: Сега може да се посветиме на учебниците и на историските личности
Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2018
„Северна Македониоја“ е далеку подобро од „Илинденска Македонија“ за нас, коментираше бугарската министерка за надворешни работи екатерина Захариева за Би-Ти-Ви по постигнатиот договор помежу македонската и грчата влада за уставни промени на името.
- Така се потцртува географското значење на Македонија како област, а не историското. Не води ниту до територијални, ниту до историски, ниту до јазични претензии. „Илинденска Македонија“ со сигурност не беше добро за Бугарија - вели Захариева.
Таа додаде дека сега Македонија и Бугарија, според договорот за добрососедство, може послободно да се посветат на менувањето на учебниците по историја и на менување на перцепцијата на историските датуми и личности и нивно заедничко одбележување.