Захарова контра Меј: Лондон покажува фундаментално неразбирање на процесите
Објавено во: Свет 14 Ноември, 2017
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека обвинувањата на сметка на Русија со кои што излезе британската премиерка Тереза Меј се неодговорни и неосновани.
Таа наведува дека списокот на тези против Русија не е нов, но главно нешто што ги обединува е што се неодговорни и неосновани. Според Захарова идејата за заштита на глобалниот поредок особено цинично звучи од устата на шефицата на британскиот кабинет.
Захарова потсетува на акциите на Британија во Ирак и Либија кои доведоа до жртви и страдање на милиони луѓе и дестабилизација на целиот регион.
„Лондон покажува фундаментално неразбирање на процесите кои што се одвиваат во светот и суштината на тој меѓународно-правен поредок, заснован на ОН, кој Велика Британија се обидува да го заштити“- вели Захарова.
Таа додава дека патот на конфронтации кои што избрал Лондон нема да помогне да се реализираат целите на Велика Британија.
Меј ја критикуваше Русија дека се обидуваат информациите да ги претворат во оружје и дека се закануваат на меѓународниот поредок.