Захарова вели дека мировниот план кој го предлага Италија е бајка

Објавено во: Свет 25 Мај, 2022
На Русија не и се допаѓа планот за мир во Украина кој го предлага Италија.
Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, изјави дека италијанскиот мировен план за Украина е „бајка", јави Ројтерс.
Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо минатата недела го претстави планот за мир во Украина, додавајќи дека за тоа разговарале со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за време на посетата на Њујорк.
Во организацијата за прекин на огнот во Украина би биле вклучени ОН, ЕУ и Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).
„Не можете со едната рака да испраќате оружје во Украина, а со другата да носите план за мирно решение на ситуацијата. Ако се надеваат дека Руската Федерација ќе се согласи со каков било план на Западот, ништо не разбрале“, вели Захарова.
Русија на 24 февруари ја почна инвазијата во Украина, а со чекорите кои ги презема, окупираните територии ги смета како дел од Русија.Можеби ќе ве интересира
ГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО ВИСОКАТА КОМАНДА НА РУСКАТА АРМИЈА - Путин разрешил двајца генерали

СЕ ПЛАШАМ ДЕКА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ ЈА ПРИСИЛАТ УКРАИНА НА ЛОШ МИР - Борис Џонсон вели дека тоа е поради економските последици

СРБИН СВЕДОК НА СТРАВИЧНИОТ НАПАД ВО ОСЛО - Седам покрај организаторот, проверува дали другите гости од странство се живи (ВИДЕО)

ИЗБОРОТ НА ЖИВОТОТ Е НАША ОДГОВОРНОСТ ЗА ИДНИНАТА - Ватикан ја пофали одлуката за абортусот, за Бајден ова е тажен ден за Америка

ПРАТЕНИК ОД РУСКАТА ДУМА УПАТИ МОРНИЧАВИ ЗАКАНИ КОН ЕДНА ЕВРОПСКА ДРЖАВА - ако дојде до трета светска војна, вие сте први на удар
Нов земјотрес го погоди Авганистан и однесе пет жртви

Хајдаи: Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла

Поради војната во Украина на 50 милиони луѓе им се заканува глад

На руски војник ќе му се суди за убиство на цивил и силување на неговата сопруга
