Заканувачот Јакимовски во полициска станица
Објавено во: Македонија 14 Јануари, 2020
Емил Јакимовски е во една скопска полициска станица и дава исказ, потврдија од Министерството за внатрешни рабои за Фактор. Јакимовски е повикан поради пријавите за заканите кои тој ги испраќал до повеќе лица. Новинарките Мери Јордановска и Искра Коровошевска го пријавија Јакимовски дека им се заканува, а по нивните објави и други лица објавија на социјалните медиуми дека добивале слични закани.
Јакимовски до неделата беше вработен во Централниот регистар, но директорката Марија Бошковска Јанковски одлучи да му даде отказ. Таа претходно исто така објави дека била мета на заканувачот и дека е даден на дисциплинска комисија. Потоа беше хакиран профилот на институцијата на фејсбук и на него беа пишувани пораки против Бошковска Јанковски.
Се работи на целосно расчистување на случајот, велат од МВР.