„Закон за енергетика – изгласан во Собрание! Македонија добива европски закон за чиста, праведна и одржлива енергетска иднина“

Објавено во: Економија 14 Мај, 2025 17:02
Денес, во Собранието беше изгласан новиот Закон за енергетика – системски, сеопфатен и реформски закон кој ги поставува темелите на новата енергетска политика на земјата. Со ова, Македонија конечно добива јасна, модерна и европски усогласена законска рамка за развој на енергетиката.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на завршното обраќање пред пратениците нагласи:
„Законот што денес го донесовме претставува визија за иднината и темел на нашата национална трансформација кон чиста, одржлива и праведна енергетска иднина. Ова е закон што создава можности, но и бара одговорност.“
Законот е подготвуван во широк, инклузивен процес кој опфати институции, експерти, бизнис сектор, оператори, регулаторот и други заинтересирани страни. Преку 61 амандман во редовна законодавна постапка, се доби решение кое го унапредува квалитетот, прецизноста и применливоста на законот.
Новиот Закон за енергетика е компатибилен со Реформската агенда за Западен Балкан и европските директиви, а содржи неколку клучни столбови:
- значајно зголемување на уделот на обновливи извори во финалната потрошувачка;
- поголема енергетска ефикасност и намалување на загубите;
- отворен енергетски пазар во кој граѓаните стануваат активни чинители – производители, продавачи, членови на енергетски заедници.
Особено внимание е посветено на социјалната правда – законските решенија вклучуваат заштита на ранливите категории, поддршка за енергетска сиромаштија и фер пристап до енергија за сите.
Законот нуди стабилна, транспарентна и предвидлива рамка за домашни и странски инвеститори. Ги јакне капацитетите на регулаторот и операторите, создава услови за поголема интеграција со регионалните и европските енергетски мрежи, и овозможува нови инвестиции во соларни, ветерни и други обновливи извори, топлификација, гасификација, складишта и дигитализирана мрежна инфраструктура.
„Енергијата не е само моторот на економијата, таа е основа за квалитетен живот. Со овој закон ја отвораме вратата за една енергетски суверена, зелена и европска Македонија.“ истакна министерката Божиновска.
Овој закон е повеќе од нормативен акт – тоа е патоказ за иднината. Шанса што, како што рече министерката, не смееме да ја пропуштиме.
Министерството ќе продолжи активно и одговорно со имплементацијата на законот, со силен фокус на резултати што директно ќе се почувствуваат од страна на граѓаните и стопанството. Законот е усвоен – следува спроведување.
Можеби ќе ве интересира
ИНВЕСТИЦИЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 5 МИЛИОНИ ЕВРА: „ја враќаме надежта за развој на јужниот крај на Македонија“- изграден регионалниот пат кој ги поврзува Гевгелија и Богданци

ИРАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ГЛАСА ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ХОРМУТСКИОТ ТЕСНЕЦ: А тој е апсолутно неопходен за светската трговија со нафта

ГЛОБАЛНИТЕ АКЦИИ ПАЃААТ ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАТА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Инвеститорите стравуваат од поширока криза

ЗБОГУМ НА ЛЕГЕНДАТА: Последните 55 единици пристигнаа во Европа – го нарекуваат „модел за збогум“

ТРИПУНОВСКИ ЌЕ ГИ ВРАЌА МЛАДИТЕ ДА СЕ ВРАТАТ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО: Вели дека имаат сет мерки за тоа
ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ АМЕРИКАНСКИ БАНКАРСКИ БИЗНИСМЕНИ: Тој го создаде FedEx и заработи милијарди

ДО СРЕДИНА НА ЈУЛИ ПРИСТИГНУВААТ 120 АВТОБУСИ: Ќе стигнат со станици за полнење

ДОМИНАНТНИОТ ГЛОБАЛЕН СОПСТВЕНИК ПОСЕДУВА ПОВЕЌЕ ОД 8.000 ТОНИ ЗЛАТО: Вреди неверојатни 985,6 милијарди долари

АВТОМОБИЛИ ЈА ВАДАТ ГЕРМАНИЈА ОД КРИЗА? Нарачките растат, производството на возила ја извлекува економијата од рецесија
