Законодавно – правна комисија: Нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои
Објавено во: Македонија 04 Декември, 2019
Законодавно – правна комисија на денешната седница во Собранието заклучи дека нема потреба од давање автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година. Инаку, единствена точка на дневниот ред беше барањето за давање автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велков од СДСМ.
Ова се случува откако Уставниот суд минатата недела одлучи да јастави на дневен ред иницијативата за преиспитување на членот 11-а од Законот за помилување. Со ваквата одлука на уставните судии се отвори можноста да се вратат во сила помилувањата кои поранешниот претседател на државата Ѓорге Иванов ги даде за 56 лица, а подоцна ги повлече.
Со члeнот 11 се предвидуваше претседателот на државата да може да дава помилувања надвор од редовната постапка.