19 Април, 2024
0.0267

Законот за финансиска поддршка на инвестициите влегува во владина процедура – компаниите задоволни

Објавено во: Економија 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на членки на Стопанската комората на Република Македонија, кадешто информираа за динамиката на спроведување на мерките од Планот за економски раст.

Министерот за економија Бектеши информираше дека Законот за поддршка на инвестициите, веќе во среда оваа недела ќе влезе во владина процедура, а се очекува веќе наредната недела да влезе во сообраниска процедура.  

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека очекува имплементацијата на овој Закон да ја раздвижи економската активност во Република Македонија

„На средбата со претставниците на компаниите – членки на Стопанската комора на Македонија направивме завршни консултации за текстот на Законот за поддршка на инвестициите. Изминатите шест месеци водевме јавна дебата со сите засегнати страни, ги вградивме сите издржани забелешки и ценам дека предлог Законот е применлив и лесно имплементирачки и ќе придонесе за раст на индустријата и економијата“, потенцираше вицепремиерот Анѓушев.

„Посебно сум задоволен што и тука меѓу сопанствениците добивме голема поддршка за овој мерките од Планот за економски раст. Би сакал да ги повикам сите компании да ги искористат мерките кои ги нудиме со Законот за финансиска подршка на инвестициите и на тој начин да го подобриме животниот стандард на граѓаните на Република Македонија и да го поттикнеме економскиот развој на државата“, истакна министерот Бектеши.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески посочи дека компаниите се задоволни со мерките од Планот за економски раст и дека стопанството изразува поддршка за побрзо донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

„Очекуваме брза постапка за донесување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за да компаниите бидат поттикнати на нови инвестиции и зголемување на бројот на вработени. Даваме максимална поддршка на имплементација на мерките од Планот за економски раст, бидејќи околу 8.000 компании имаат можност да искористат поддршка“, подвлече Азески.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет