ЖАЛ МИ Е ШТО НЕ СЕ ЈАВИВ, БАРЕМ ДА ГО СТОРЕВ ТОА ...- се огласи сплиќанката која Матеј ја барал последна пред да исчезне без траг
Објавено во: Балкан 19 Јануари, 2022
„Жал ми е што не се јавив, тоа ми е најголемата болка од сите...“
Ова се првите зборови на сплиќанката Маја С., која Матеј Периш ја барал последна преку својот мобилен телефон, на кобната ноќ на 30 декември, само неколку часа пред да исчезне без трага.
Да потсетиме, Периш таа вечер додека вечерал со пријателите во ресторан во Бетон Хол, на Инстаграм видел дека и таа е во Белград со пријателите, па и испратил порака, а потоа и се јавил. Маја С. во полиција изјавила дека не слушнала како нејзиниот телефон ѕвони во 22 часот и 29 минути ноќта на 30 декември. Сега таа во својата исповед за ТВ Прва рече дека тоа и е „најголемата мака од сите“, бидејќи, да потсетиме, било утврдено дека таа е последната личност што Матеј се обидел да ја добие пред да исчезне.
„Жал ми е што не одговорив, тоа ми е најголемата болка од сите... затоа што барем да ме известеше дека доаѓа во Белград, ќе им кажев каде да одат, што да прават“, рече сплиќанката низ солзи за ТВ Прва.
Таа покажа и дека имала пропуштен повик од Матеј Периш на телефон во 22:29 часот на 30 декември.
Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во центарот на Солун, спасени 44 лица, повредени најмалку двајца

ГО ИЗБОДЕЛ БРАТОТ БЛИЗНАК И СОПСТВЕНИОТ ТАТКО: Двојно убиство во Косовска Митровица
Грција во ОН ќе се жали за турските провокации за островите во Егејското Море

НЕМАВМЕ ПРОБЛЕМИ СО ШЕЌЕРОТ, ТУКУ СО ЕДЕН ТАЈКУН КОЈ САКАШЕ ДА ЗАРАБОТИ ГОЛЕМИ ПАРИ - Вучиќ за недостатокот

Вакво невереме немаме видено со децении – град со големина на тениски топчиња паѓал во Хрватска

Бегалците од Украина до 1 јуни треба да ги напуштат бугарските хотели

Хрватска да не ја пушта Србија во ЕУ, ако не се откаже од „митот Јасеновац“
