Заливските земји можеби ќе дозволат кај нив да останат Катарците?
Објавено во: Економија 11 Јуни, 2017
Бахреин, Обединети Арапски Емирати и Саудиска Арабија денеска сигнализираа дека можеби ќе дозволат државјаните на Катар да останат на нивна територија, иако ги прекинаа дипломатските односи со земјата.
Во меѓувреме и Катар вети дека државјаните на овие земји кај нив ќе имаат потполна слобода да опстанат.
Трите држави утрово преку Министерството за внатрешни работи ги повикаа сите мешани семејства да им се обратат за хуманитрани околности и да се разгледа нивната ситуација.
Ова покажува дека заливските земји сакаат да ја ублажат целата ситуација со Катар, откако прекинаа дипломатски односи до неа и ја обвинија за помагање терористи.