„ЖАЛНО Е ШТО МАКЕДОНИЈА СЕ МОЛИ НА ГОСПОД ДА ЗАВРНЕ ДОЖД“: Тошковски беше на Серта, гори меѓу полигоните Криволак и Пенуш

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2024
Продолжува
битката со пожарите низ земјава, а вчера на планината Серта пристигнаа
министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на ЦУК, Стојанче
Ангелов, кој информираше дека избувнал пожар и меѓу полигоните Криволак и
Пенуш. Двајцата ги посетија припадниците на полицијата, кои го гаснат
огнот на планината Серта во штипскиот регион.
- Локациски пожарот се одвива зад стрелиштето Пенуш во насока на воениот полигон Криволак, но е далеку од полигонот Криволак. Полигонот е далеку од загрозен. Сепак ако продолжи со ова темпо ќе имаме сериозни проблеми со овој пожар, вели Ангелов.
Денеска, како што рече Ангелов, ќе бидат ангажирани сите хеликоптери и авиони за ставање на пожарот под контрола од Пенуш до Криволак. Ангелов истакна дека од левата страна на планината Серта има уште две жаришта, едното над штипското село Пухче, а второто во неготинскиот дел.
Според министерот Тошковски во идниот период мора да има системски решенија.
- Жално е што една држава како Македонија, мора да се моли на господ да заврне дожд, за да можеме да кажеме дека пожарите се изгаснати. Ова е недозволиво и она што сме денес е навистина е такво ниско ниво на способност на државата да се справи со ваков тип на предизвици и не смееме наредната година повторно да ни се случи ова. Поради тоа ќе се вложат максимални напори од страна на Владата да се фокусираме на суштинско и системско решавање на овој проблем, за да догодина не се соочуваме вака неспремни со оваков тип на предизвици, рече Тошковски.
Тошковски изрази благодарност до сите земји кои испратија професионалци, хеликоптери и авиони и помогнаат во гаснењето на пожарите во воздух.
фото: ФБ/Стојанче АнгеловМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Промена на грбот ќе има, но Касами говори дека и химната треба да се смени

Дали Влатко Ѓорчев е Македонецот кој молел Стејт департментот да не ја урива Владата на Груевски?

КОСТАДИНОВ: Од денес над Македонија, до Рока Мандолина!

КАСАМИ: Не само грбот туку и химната треба да се менува

Македонец во Стејт Департментот молел да не падне владата на Груевски

БОРИСОВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ ЗА БУГАРИ ВО УСТАВОТ: Toa e aпсолутна првокација

ЗАПЛЕНЕТИ НАД 188 КИЛОГРАМИ МАРИХУАНА „ТЕШКА“ НАД 700 ИЛЈАДИ ЕВРА - Царина и БЈБ со детали за стопираниот извоз на дрога

Обвинителството нареди вонреден надзор над загадувачите на воздухот во Скопје

ГОЛЕМИТЕ СИНЏИРИ МАРКЕТИ ЗАРАБОТИЈА КАЗНИ ОД ВКУПНО 82 ИЛЈАДИ ЕВРА ОД АХВ - нехигиенски држеле и продавале месо, а имало и со поминат рок
