Заложничка драма во Франција: Припадник на ИД држи заложници во супермаркет
Објавено во: Свет 23 Март, 2018
Во супермаркет во југозападниот дел на Франција, човек кој тврди дека припаѓа на Исламската држава, држи заложници, објави Европското радио 1.
Тие известуваат и дека напаѓачот претходно пукал кон полицајци кои џогирале во близина, при што ранил еден од нив.
„Има две жртви“, изјави градоначалникот на францускиот град Trèbes, но тој не прецизирал дали се повреден или убиени, се вели во извештајот на Ројтерс.
Полициски сили се испратени на местото на заложничката криза.
Премиерот Едуар Филип ја оквалификува како „сериозна ситуација“ третирајќи ја како терористички напад.