Заменик претседателот на ЕБОР ветува повеќе пари за Македонија и Грција по успех на договорот
Објавено во: Финансии 11 Септември, 2018
Заменик-претседателот на Европската банка за обнова и развој за Ројтерс изјави дека ќе следуваат многу повеќе пари за проекти на Македонија и Грција веднаш што овие две земји ја имплементираат Спогодбата од Преспа.
Пјер Хеилброн на бизнис форумот во словенечки Блед истакнал дека договорот помеѓу Скопје и Атина ќе ги отклучи вратите на многу проекти, а двете страни политичкиот успех ќе сакаат да го преточат и во економско-финансиски резултат. ЕБOР има особено голем интерес да инвестира во меѓугранични македонско-грчки проекти во областа на енергетиката и транспортот.
Според него, и други инвеститори ќе се вклучат со финансиска помош штом се ратификува договорот во двете земји.
ЕБOР во Грција во 2017 инвестираше 650, а во Македонија вкупно 50 милиони евра.