24 Јули, 2019
0.0231

Замир Мехмети му стана советник на Љупчо Николовски

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Поранешниот новинар Замир Мехмети објави дека е ангажиран како советник на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој наскоро нема повеќе да ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост.

При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува. Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја“, напиша Мехмети.

Како поранешен активист и член на „Шарената револуција“ додава дека и понатаму останува посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество.

Пред две години бура во јавноста крена одлуката да биде избран за неизвршен член во одборот на директори на Македонски телеком на предлог од Владата.

На протестите поттикнати од аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов беше познат по боењето на барокните фасади  на државните институции од проектот Скопје 2014. Во една прилика беше задржан во полициска станица.


Можеби ќе ве интересира

ПРВИТЕ ЗАКАНИ ИСПРАТЕНИ: Мицотакис најави притисок на Скопје и промоција на „грчка“ Македонија

ПРВИТЕ ЗАКАНИ ИСПРАТЕНИ: Мицотакис најави притисок на Скопје и промоција на „грчка“ Македонија

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО: Еве какви температури не очекуваат

СОНЧЕВО И СТАБИЛНО: Еве какви температури не очекуваат

Кирацовски влезе во војна со бизнисменот Азманов

Кирацовски влезе во војна со бизнисменот Азманов

Законот за Јавно обвинителство ќе биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка

Законот за Јавно обвинителство ќе биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка

БиХ СО НАЈВИСОК РИЗИК: Има ли опасност од тероризам во Македонија?

БиХ СО НАЈВИСОК РИЗИК: Има ли опасност од тероризам во Македонија?

Ванковска за обраќањето на Јанева: Правната држава е одамна прежалена

Ванковска за обраќањето на Јанева: Правната држава е одамна прежалена

ФОКУС НА ДЕНОТ: Катица Јанева се огради од „Рекет“, најден е и телефонот за кој се тврдеше дека е изгубен

ФОКУС НА ДЕНОТ: Катица Јанева се огради од „Рекет“, најден е и телефонот за кој се тврдеше дека е изгубен

Како француски „Репортер“ ја опиша Преспа?

Како француски „Репортер“ ја опиша Преспа?

ПО ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЈАНЕВА: На Твитер се бара одговорност

ПО ПОЈАВУВАЊЕТО НА ЈАНЕВА: На Твитер се бара одговорност