18 Април, 2024
0.0283

Замрзнати наставните програми на министерката Дескоска

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Гласно најавувани, но новите наставни програми во основното образование се уште стојат замрзнати. Помина повеќе од една година по бомбастичната најава дека следуваат значајни реформи, сепак јавноста не виде ниту една од најавените новини. Просветните работници прашуваат што ги кочи промените кои ги најави тогашната министерска за образование, сега министер за правда Рената Дескоска. Тврдат дека моментно статус кво ситуацијата не му одговара на никој – најавата беше дека ќе има измени во наставните промени најнапред за прво одделение но и за второ и трето оддоление

Според најавите едни од клучните промени кај првоодленската програма требаше да биде тоа наставата да биде соодветно прилагодена на  возраста на учениците од 5 и пол години.  Тоа според просветните работници е и една од промените која треба да биде итна затоа штп спуштањето на првото одделение на 5и пол години било вештачки направено, создало суштински проблем во образованието и непотребно ги оптовари учениците, но создаде притисок и за родителите. Требаше бројот на часови да се намали, па првоодделените д анемаат повеќе од четири часови дневно, со тоа што ќе с енамали и времето кое учениците че го поминат во настава на сметка на зголемување на времето за одмор и игра. Министерството најавуваше и дека часот ќе трае 40 минути, а одморот по 15 минути, со тоа што на децата од прво одделение не треба да им се дава домашна.

Министерот за образование Арбер Адеми неодамна во интервју за Фактор изјави дека е можно основците да учат пои нвите правила од следниот септември. До тогаш Министерството за обарзование ќе успее да го подготви новиот закон, но и да го имплементира. Сепак се тврди дека моментно работата е закочена.

„Реформите чие конципирање го започнавме со претходната министерка за образование, во периодот додека јас бев заменик во овој ресор, се клучни ветувања и компоненти на четиригодишната владина програма за работа и тие секако ќе се случат. Се уште работиме на подготовка на новиот Закон за основно образование кој треба да ги овозможи најкрупните промени. Односно работиме на доработка на одредени членови содржани во неговата првична верзија, кои заедно со сите засегнати чинители во овој процес, оценивме дека треба да се модифицираат, да се надополнат, изменат. Откако ќе ја подготвиме новата верзија на законот, таа ќе биде повторно понудена на јавна расправа и по сослушувањето и прифаќањето на конструктивните и издржани забелешки од сите оние кои сега во оваа фаза не се вклучени, ценат дека треба и сакаат да дадат придонес во подготовката на најдобрите решенија, таа конечна верзија ќе биде доставена на собраниска расправа и конечно усвојување, изјави тогаш Адеми.

Негоавата претходничка Дескоска најави и дека се очекува распишување на јавен повик за изготвување на нови и квалитетни учебници.

Моментно наставните програми Кембриџ важат за предметите математика и природни науки од прво до петто одделение, а од шесто до деветто одделение важат за предметите математика, Хемија, Физика и Биологија. Експертите, како и пошироката јавност, имаа низа аргументирани критики и недостатоци на овие програми. Се тврди дека има недоследности кон учебниците кои несоодветно беа адаптирани на програмата.

Инаку уште додека беше министерка, Дескоска формираше работни групи кои долги месеци работеа на создавање нови наставни програми од прво до трето одделение, а откако би се усвоиле тие од страна на Министерството, се планираше да се продолжи со формирање наставни програми и за останатите одделенија од четврто до деветто одделение. Програмите од второ и трето одделение беа изготвени, а на 2 мај 2018 година, објавени на официјалната страница на Министерството за образование и наука, а исто така беа поставени на официјалната страница на НАНСЕН.

Се планираше наместо предметот „Природни науки“ да се воведе предмет „Светот околу нас“,  предметот  „Уметност“ да опфати музичко, ликовно и креативни вештини, а„Мајчин јазик“ учениците да имаат секој ден, математика – четири пати во неделата, а странски јазик два часа неделно. Се планираше бројот на часови од прво до трето одделение да биде ограничен на 20, од четврто до шесто на 25, а од седмо до деветто на најмногу 30 часови неделно. Се планираше намалување и неделниот фонд на наставни часови за одделенските наставници – од 18 до 23 наставни часови, во кои влегува и времето за организирано прифаќање на учениците пред и по наставата и укинување на одржувањето на настава во саботите.

Од МОН побараа и очекуваa од наставниците од одделенската настава како и сите заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

Гест за пример и почит! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Гест за пример и почит! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ