20 Април, 2024
0.0421

„Жан Митрев“ ќе ги троши парите на ФЗОМ, а тимот го нема

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Како Клиничката болница Жан Митрев ќе ги користи парите кои од ФЗОМ и ги исплатија за операциите на деца кои таму требаше да ги врши тимот што премина од детската клиника кога веќе тимот не работи таму? Ова прашање останува неодговорено и покрај тоа што и неколку надлежни и институции се вклучија да утврдат кои се последиците од ова. Упатени во случајот коментираат дека тоа што се дебатира за лиценцирањето е важно но дека со заминувањето на Владимир Чадиковски и неговиот тим исто така има сомнеж дали не е злоупотреба што државните пари кои ќе се префрлаат практично за нив ќе ги употребува друг.

Годинава „Жан Митрев“ зема 65 милиони денари од ФЗОМ токму за операциите кои требаше да ги врши Чадиковски. Парите се префрлени тимот си замина.

Кога здравствените власти го промовираа концептот што го нарекоа јавно-приватно партнерство министерот Венко Филипче изјави дека парите се за детскиот кардиохирург и за операциите на деца во подобри услови а не за Жан Митрев.

– Станува збор за јавно-приватно партнерство со целосно преземање на сите вработени во тимот за детска кардиохирургија. Идејата е да се обезбедат подобри услови, оти сега работат на Клиника за детска хирургија. Многу често се пополнуваат капацитетите, а детската кардиохирургија бара целосно користење на салите. Размислувавме да ги префрлиме на Кардиохирургија за возрасни, но тоа бара дополнителни инвестиции и дополнителна опрема. Таа инфраструктура постои во приватните болници и сега се разгледува можноста дали може да развиваме таков проект на приватно-јавно партнерство. – рече Филипче минатата година.

За Инспекторатот нема ништо спорно во работата на болницата „Жан Митрев“.

Болницата работи регуларно, пак се наодите кои денеска ги соопштија од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ – Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, велат од инспекторатот.

Од таму соопштија дека „е извршен вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ во врска со исполнувањето на законската обврска на здравствената установа за вршење на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019г.“.

Вчера пак антикорупциска отвори предмет за испитување на случајот со детската кардиохирургија. Антикорупционерите по оставката на  единствениот лиценциран детски кардихирург Чадиковски ќе утврдуваат дали постои можност за еднострано раскинување на договорот и дали постапката за добивање лиценца за детска кардихирургија на приватната клиника е законска а оваа иницијатива ја поздравија од Клиниката на Жан Митрев од каде велат дека се отворени за соработка.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд